Повик за претквалификација
ЗА ИНЖЕНЕРИНГ, НАБАВКА И ИЗВЕДБА – ЛОТ1 И ЛОТ2
за проектот
ПАРК НА ВЕТЕРНИ ЕЛЕКТРАНИ БОГДАНЦИ II ФАЗА
АД ЕСМ ги информира сите заинтересирани компании да се пријават на порталот за е-набавки на GTAI (Germany Trade & Invest) која е економска развојна агенција на Сојузна Република Германија (www.gtai.de). Заинтересираните компании треба да се регистрираат на порталот во делот наменет за проекти финансирани со кредити од KfW банка и да изразат интерес за овој проект. Набавката и евалуацијата ќе се изведуваат според правилата на KfW банка. Условите за учество се вклучени во документите прикачени на порталот. Компаниите можат да побараат разјаснување и дополнителни информации согласно упатствата дадени во документите.
WPB2-191021-PQ Invitation Tender 1
WPB2-191021-PQ Invitation Tender 2