(Македонски) Повик за претквалификација

(Македонски) Повик за претквалификација

ЗА ИНЖЕНЕРИНГ, НАБАВКА И ИЗВЕДБА – ЛОТ1 И ЛОТ2 за проектот ПАРК НА ВЕТЕРНИ ЕЛЕКТРАНИ БОГДАНЦИ II ФАЗА АД ЕСМ ги информира сите заинтересирани компании да се пријават на порталот за е-набавки на GTAI (Germany Trade & Invest) која е економска развојна агенција на Сојузна Република Германија (www.gtai.de). Заинтересираните компании треба да се регистрираат на порталот во делот наменет за проекти финансирани со кредити од KfW банка и да изразат интерес за […]

MORE

Електроенeргетскиот сектор е стабилен

Електроенeргетскиот сектор е стабилен

Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски на сегашната позиција е само неколку месеци, но тој претходно беше директор на РЕК „Битола“ и затоа, како што вели, не се чувствува како нов во работата, добро е запознаен со состојбите во компанијата и точно знае што се случува(ло) во неа, што треба да се промени, а што не треба повеќе да се случува. Токму затоа „Нова […]

MORE

АД ЕСМ ќе набави еколошки автобуси за превоз на работниците во РЕК Битола

АД ЕСМ објави јавен повик за купување на шест нови автобуси за превоз на работниците во РЕК Битола. Автобусите ќе бидат еколошки, со погон на CNG, односно метан. За оваа цел предвидени се 88 милиони денари или 1,4 милиони евра, сопствени средства на АД ЕСМ. Јавната набавка е сега, на крајот од годината како резултат на домаќинското работење на компанијата и заштедите направени во текот […]

MORE

Поголема соработка меѓу АД ЕСМ и Битолскиот универзитет

Поголема соработка меѓу битолскиот универзитет и ,,Електрани на Северна Македонија” договорија денеска генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и ректорот на универзитетот Св. Климент Охридски од Битола, Сашо Коруновски, на средбата која се одржа во Ректоратот. АД ЕСМ и РЕК Битола во голема мера користат стручни мислења од професорите на Универзитетот и тековната соработка е оценета како одлична, додека за нејзино понатамошно продлабочување договорено […]

MORE

Премиерот Заев овој чекор го оцени како многу значаен кој доаѓа како резултат на темелна подготовка и на добро подготвен план и проценка според кои РЕК Битола во иднина ќе може да се потпре на сопствена помошна механизација во процесот на ископ на јагленот. „Оваа одлука е од исклучителна важност ако се знае дека во последните 10 години за ангажирање на помошна механизација од надворешни фирми, РЕК Битола има платено околу 100 милиони евра. Заради тоа, оваа одлука на Електрани на Северна Македонија и на РЕК Битола е домаќинска одлука. Уште повеќе што очекувањата се дека постои интерес од голем број компании за учество во оваа набавка и конкуренцијата може да влијае и на намалување на планираната сумата за услугата“, нагласи премиерот Заев. Во своето обраќање премиерот Заев додаде дека според новиот закон за јавни набавки критериумот за добивање на тендерот не е само пониската цена, туку и квалитетот, и дека е утврдена точно прецизирана формула која треба да обезбеди најдобар квалитет по најповолна цена. „Тоа навистина е домаќински начин на однесување и грижа за извлекување на додадена вредност на инвестициите на Електрани на Северна Македонија и на РЕК Битола. Како резултат на ваквото работење, во последните две години Електрани на Северна Македонија го даваше и го дава својот придонес во процесот за прогласување на Северна Македонија за шампион во енергетиката“, рече премиерот Заев и додаде дека цената на струјата престана да расте и денес имаме најниска цена на струјата во Европа како резултат на добри политики, во интерес на државата и во интерес на граѓаните. Денес, Електрани на Северна Македонија не купува електрична енергија. Напротив, продава енергија на европските пазари и за две години продаде енергија во вредност од 40 милиони евра. Генералниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски информираше дека со тендерот ќе се набават 47 парчиња механизација за ископ на јаглен и јаловина, додека понатаму ќе се обезбеди и другиот вид механизација со што целосно ќе се отстрани потребата од ангажирање надворешни фирми. „Тендерот е конципиран на начин да обезбеди најголема конкуренција и на огласот да се јават најдобрите светски производители на ваков вид механизација. Доколку тендерската постапка се одвива во предвидените рокови, очекуваме најголемиот дел од машините да бидат испорачани во текот на следната година“, информираше Ковачевски. Ковачевски изнесе податоци според кои од 2008 година до денес за ископ на јаглен и јаловина и за ангажирање помошна механизација кон надворешни фирми се исплатени близу 100 милиони евра. „Трошоците непобитно покажуваат дека од 2017-та сумите се намалуваат, и дека за разлика од 30 или 40 милиони евра годишно за ископ на јаглен сумите се симнати на 10-тина милиони, додека во исто време РЕК Битола произведува електрична енергија повеќе од порано. На пример, оваа година производството е натфрлено за 13%“, потенцираше генералниот директор на ЕСМ, и додаде дека ЕСМ и за РЕК Битола покрај зголемено производство и намалени трошоци, вложуваат во заштита на животната средина.

Електрани на Северна Македонија, која оваа година бележи исклучително успешни резултати како континуитет на успешните деловни политики од 2017 година наваму, денеска пред граѓаните на нашата земја излегува со уште една одговорна корпорациска одлука: 19 милиони евра, како дел од добивката на компанијата оваа година, ќе биде инвестиран за набавка на помошна механизација за РЕК Битола за ископ на јаглен, истакна претседателот на Владата на […]

MORE

РЕК Битола на чекор до А – Дозвола за усогласување со оперативен план

АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола ја известува јавноста дека Нацрт А – Дозволата за усогласување со оперативен план е објавена на официјалната веб – страна на Министерството за животна средина и просторно планирање http://www.moepp.gov.mk/?page_id=16091 .Информации во врска со Нацрт А – Дозволата за усогласување со оперативен план, заинтересираната јавност може да добие во Министерството за животна средина и просторно планирање (e-mail B.Tateshi@moepp.gov.mk). Засегнатата јавност, во рок од 14 […]

MORE

Заврши капиталниот ремонт на Блок 2 на РЕК Битола

Заврши капиталниот ремонт на Блок 2 на РЕК Битола. Постројката е синхронизирана со електроенергетскиот систем на РСМ и испорачува електрична енергија согласно потребите на потрошувачите. Ремонтните активности на Блок 2 на РЕК Битола започнаа на 7 септември и за време на зафатот беше направен капитален ремонт на турбината, за првпат после осум години. Паралелно се одвиваше и првата фаза од реконструкцијата на разладната кула на постројката. […]

MORE

АД ЕСМ донира 3.000.000 денари помош за настраданите во земјотресот во Албанија

АД Електрани на Северна Македонија на посебна седница на Управниот одбор донесе одлука да донира 3.000.000 денари помош за настраданите во земјотресот во Албанија од 26.11.2019г. Средствата ќе бидат уплатени на наменската сметка за помош која е отворена од Црвениот крст во нашата земја, по повод овој трагичен настан. Исто така, генералниот директор на АД ЕСМ, м-р Васко Ковачевски упати писмо до генералниот директор на […]

MORE

Потпишан договор за изградба на фотонапонската електрана „Осломеј“ – Во втората половина на 2020 година се очекуваат првите мегават часови струја од електраната

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашање д-р Кочо Анѓушев и министерот за економија м-р Крешник Бектеши, присуствуваа на свеченото потпишување на договорот за изградба на фотоволтаична електрана Осломеј, со инсталирана моќност од 10 мегавати, кој го парафираа генералниот директор на АД Електрани на Северна Македонија, м-р Васко Ковачевски и претседателот на бордот на директори на компанијата-изведувач „Гиришим Електрик“, г. Мухатин Бехиџ Харманли. Вицепремиерот […]

MORE

Менаџментот на АД ЕСМ одржа работен состанок со претставници на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги

Нашите производствени капацитети во моментов гарантираат сигурно и стабилно производство на електрична енергија. Компанијата успеа со сите дополнителни анализи и резултатите кои ги имаме од претходниот период да направи цена на електричната енергија од 34,5 евра по мегават час која ќе ја понудиме на универзалниот снабдувач. Тоа значи дека ќе нема зголемување на цената за крајните потрошувачи, односно за граѓаните, порача денеска генералниот директор на […]

MORE