Постои голем интерес кај граѓаните за отпис на долговите. Заклучно со денешниот ден до центрите за социјални работи се доставени 17.600 барања од граѓаните од социјално ранливи категории. Бараат отпис на долгови кон банките, за електрична енергија, парно греење и радио дифузна такса. – Имаме висок степен на интерес на граѓаните за овој проект и очекуваме до 12 октомври до кога трае пријавувањето да имаме […]