Ревитализацијата на шесте хидроелектрани ќе заврши до средината на 2014 година

Ревитализацијата на шесте хидроелектрани ќе заврши до средината на 2014 година

Проектот за ревитализација на шест хидроелектрани – втора фаза и интервенциите во градежниот дел кај хидроелектраните и кај нивните придружни објекти е во завршна фаза, информираше Дејан Бошковски, генерален директор на АД ЕЛЕМ при денешната посета на браната Мавровското Езеро во село Леуново. Со инсталација на дополнителна опрема за оскултација и набљудување на состојбата, стабилноста и сигурноста на браните и нејзините придружни објекти ќе биде […]

ПОВЕЌЕ

Ветерните електрани влегуваат во последната фаза од изградбата

Ветерните електрани влегуваат во последната фаза од изградбата

Паркот на ветерни електрани „Богданци“ влегува во својата финална фаза од изградбата. Вчера од пристаништето во Солун преку граничниот премин Богородица почна транспортот на компонентите од кои ќе бидат изградени ветерните турбини. Самиот транспорт е исклучително сложена операција. За превоз на само една ветерница потребни се десеттина огромни камиони за секоја од компонентите пооделно, што формираат конвој подолг од еден километар. Тежината на сите компоненти […]

ПОВЕЌЕ

„Луково Поле“ се реализира согласно строгите директиви за заштита на животната средина

„Луково Поле“ се реализира согласно строгите директиви за заштита на животната средина

Во просториите на локалната самоуправа во Дебар претставници на АД ЕЛЕМ, Светска Банка и неколку министерства одржаа заедничка средба со претставници на дебарската локална власт и на граѓански организации, околу проектот „Луково Поле“. На денешната јавна расправа поврзана со овој проект, претставници на ЕЛЕМ, Светска Банка, Министерството за економија и Министерството за животна средина и просторно планирање, на жителите на Општина Дебар им го презентираа […]

ПОВЕЌЕ

Отворена меѓународна работилница за регионална и прекугранична соработка во енергетиката и нуклеарната енергија

Отворена меѓународна работилница за регионална и прекугранична соработка во енергетиката и нуклеарната енергија

Денеска во Скопје е отворена Меѓународна работилница  за регионална и прекугранична соработка во енергетиката и нуклеарната енрегија, во организација на АД ЕЛЕМ, МАНУ и Меѓународната агенција за атомска енергија(МААЕ). Со свои ставови во однос на повеќе теми учествуваат еминентни експерти од Агенцијата за атомска енергија  и претставници на повеќе релевантни институции и компании во Европа. -Убеден сум дека оваа средба  дополнително ќе ја зголеми  соработката […]

ПОВЕЌЕ

Почна петтиот меѓународен конгрес за рударство „Балканмајн 2013“

Почна петтиот меѓународен конгрес за рударство „Балканмајн 2013“

Во наредните два дена, над 300 учесници, експерти од областа на рударството од 14 земји  ќе презентираат  преку 130  трудови, претставувајќи ги технолошките достигнувања и перспективите на рударството во поширокиот регион, како и примената на  најновите технологии во оваа дејност од клучно значење за иднината на стопанството и енергетиката на Балканот, рече Дејан Бошковски, генерален директор на АД ЕЛЕМ и почесен претседател на организацискиот Комитет […]

ПОВЕЌЕ

Одбележан Денот на рударите

Одбележан Денот на рударите

Денот на македонските рудари денеска традиционално беше одбележан во рудникот  за јаглен Суводол. Во оваа прилика беше нагласена клучната улога на рударите при процесот на производство на електрична енергија и постигнатите резултати во периодот помеѓу двата празници. -Нашите рудари покажаа дека имаат капацитет и знаење да одговорат на сите предизвици пред кои се исправени, обезбедувајќи  ги неопходните количини на енергетска суровина, потребна за континуирана работа […]

ПОВЕЌЕ

Германска поддршка за два енергетски проекта на АД

Германска поддршка за два енергетски проекта на АД

АД ЕЛЕМ и германската банка КфВ потпишаа договор за заем во износ од 35 милиони евра  предвиден за реализација на два енергетски проекта на АД „Електрани на Македонија“. Точно 15 милиони евра ќе бидат искористени за доизградба на паркот на ветерни електрани  „Богданци“, а останатите 20  милиони евра ќе бидат насочени за реализација на проектот  ХЕЦ „Шпилје 2 “. Оваа поддршка од КфВ банката, денеска […]

ПОВЕЌЕ

Словенечкиот претседател ја посети ХЕ „Св.Петка“

Словенечкиот претседател ја посети ХЕ „Св.Петка“

Словенечкиот претседател  Борут Пахор, во рамките на својата официјална посета на Република Македонија  ја посети хидроелектраната Света Петка. Придружуван од  генералниот директор на АД ЕЛЕМ Дејан Бошковски, директорот за производство на АД ЕЛЕМ Димитар Танурков и директорот на ХЕС „Треска“ Миле Славевски, претседателот Пахор при обиколката на овој енергетски објект беше запознаен со можностите на хидроелектраната и нејзиното  значење за домашниот електроенергетски систем. Во изградбата […]

ПОВЕЌЕ

Стипендирањето продолжува за најуспешните студенти на ФЕИТ

Стипендирањето продолжува за најуспешните студенти на ФЕИТ

Петнаесет студенти на електроенергетските насоки на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), десет месеци, ќе добиваат стипендија од по 6000 денари обезбедена од АД „Електрани на Македонија“, АД МЕПСО и ЕВН Македонија. Претставниците на енергетските компании денеска врачија по пет стипендии за најдобрите студенти од ФЕИТ кои ќе бидат стипендирани до крајот на студиите, доколку ја задржат минималната просечна оценка од  8.0. Со овoj […]

ПОВЕЌЕ

АД ЕЛЕМ ќе учествува на „Power Gen Europe 2013“

АД ЕЛЕМ ќе учествува на „Power Gen Europe 2013“

АД „Електрани на Македонија“ и годинава со свој штанд ќе биде присутна  на најголемиот саем за енергетика во Европа „Power Gen Europe 2013“, што утре официјално ќе биде отворен во Виена, Австрија. Саемот, на кој со свои штандови и презентации учествуваат компании од сите континенти, повеќе од една деценија на едно место ги собира најголемите светски брендови чија основна дејност е производство на енергија, но […]

ПОВЕЌЕ