Наплатниот пункт “Центар” на ЕСМ Снабдување на нова локација

Наплатниот пункт “Центар” на ЕСМ Снабдување на нова локација

Нов наплатен пункт “Центар”, на ЕСМ Снабдување со топлина, е отворен на нова локација во ГТЦ, во строгиот центар на градот, во објектот на дирекцијата на АД ЕСМ кој се наоѓа на ул. 11 Октомври 9. Во насока да обезбедиме навремена и квалитетна грижа за своите клиенти, ставивме акцент на достапноста на услугите до населението и до бизнис секторот.
Новиот наплатен центар е направен согласно стандардите, со цел
да ги услужи потрошувачите за идните плаќања на фактурите за топлинска енергија, склучување на договори како и за дополнителни услуги и информации кои им се потребни.
Наплатниот центар на ЕСМ Снабдување со топлина лоциран на адреса бул. Кочо Рацин бр. 33– Олимписки базен не е повеќе во функција.
Воедно Ве информираме дека останатите два наплатни центри лоцирани на адреса ул. Лондонска бр. 8 (населба Тафталиџе) и адреса бул. Јане Сандански бр. 49 (населба Аеродром) си остануваат на истото место.

ПОВЕЌЕ

ЕСМ Снабдување со топлина, во законска постапка ја презема целокупната база на податоци потребна за изработка, достава и наплата на фактурите

ЕСМ Снабдување со топлина, во законска постапка ја презема целокупната база на податоци потребна за изработка, достава и наплата на фактурите

ЕСМ Снабдување со топлина, во законска постапка ја презема целокупната база на податоци потребна за изработка, достава и наплата на фактурите.

Ја известуваме јавноста дека во тек е изработка на фактурите за топлинска енергија за месец октомври. Изработката на фактурите вклучуваше и постапка за преземање на податоците на потрошувачите од страна на “ЕСМ Снабдување со топлина” од претходниот снабдувач со топлинска енергија “Снабдување со топлина Балкан Енерџи”.

ЕСМ Снабдување со топлина, во законска постапка ја презема целокупната база на податоци потребна за изработка, достава и наплата на фактурите, вклучително и личните податоци за потрошувачите (субјекти на лични податоци) на централниот систем за греење и/или сопствениците на посебен дел во станбени, станбено-деловни, деловно-станбени и деловни објекти лоцирани на подрачјето на општините: Аеродром, дел од Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Центар и Чаир во градот Скопје.

Правниот основ за преземање на целокупната база на податоци вклучително и личните податоци за потрошувачите потребни за вршење на дејноста снабдување со топлинска енергија произлегува од обврската за вршење јавна услуга согласно Законот за енергетика како и Одлуката за давање на лиценца за вршење на дејност снабдување со топлинска енергија на друштвото ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје, а со цел обезбедување на континуитет односно непрекинато вршење на енергетската дејност и заштита на јавниот интерес.
ЕСМ Снабдување со топлина во иднина ќе биде Контролор на личните податоци на потрошувачите и истите ќе ги обработува согласно важечките законски прописи и Законот за заштита на лични податоци, за што потрошувачите на топлинска енергија- субјекти на личните податоци ги имаат сите права пропишани со Законот за заштита на лични податоци во однос на обработката на нивните лични податоци.

ПОВЕЌЕ

Информација за фактурите – сметките за топлинска енергија

Информација за фактурите – сметките за топлинска енергија

Помина еден месец како што започна грејната сезона и компаниите во рамки на ЕСМ, согласно обврската од лиценците ги извршуваат енергетските дејности производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. Испораката на топлинска енергија преку системот за централно греење до објектите од почетокот на грејната сезона се одвива непречено.

Ја известуваме јавноста и потрошувачите дека ЕСМ Снабдување со топлина интензивно работи на подготовка на сметките-фактурите за топлинска енергија за месец октомври. Потрошувачите ќе ги добијат фактурите во следниот период со мало задоцнување, во однос на датумот кога претходно вообичаено ги добивале истите поради потребните технички подготовки за нивна изработка и истите ќе имаат соодветен рок за плаќање.

Во рамки на подготовките на фактурите се одвиваат и подготовки на постапката за префрлање на податоците на потрошувачите, со што тие ќе се префрлат од претходниот снабдувач со топлинска енергија на сегашниот, ЕСМ Снабдување, во законски определена процедура согласно Законот за заштита на личните податоци.

Од претходниот Снабдувач со топлинска енергија ќе се преземе целокупната база на податоци потребна за изработка на фактурите, вклучително и личните податоци на потрошувачите на централниот систем за греење како и сопствениците на станови и деловни простории лоцирани на подрачјето на општините каде ЕСМ Снабдување има лиценца.

Правниот основ за преземање на целокупната база на податоци вклучително и личните податоци за потрошувачите потребни за вршење на дејноста Снабдување со топлинска енергија произлегува од нужноста за обезбедување на континуитет во вршењето на дејноста и заштита на јавниот интерес согласно обврската за вршење јавна услуга од Законот за енергетика

Сакаме да напоменеме дека независно од постапката за преземање на податоците, секој потрошувач потребно е да се склучи Договор за снабдување со топлинска енергија заради регулирање на потрошувачкиот однос со снабдувачот, а тоа е утврдено во Правилата за снабдување со топлинска енергија. Потенцирам дека не е правно возможно преземање на договори со претходниот снабдувач, односно потребно е да се склучат нови договори. Досега, во ЕСМ Снабдување склучени се 11200 Договори за снабдување со топлинска енергија со потрошувачите. Времето на задржување на потрошувачите во пунктовите е значајно намалено откако електронскиот образец на ​Договорот за снабдување со топлинска енергија е поставен на веб страницата на АД ЕСМ и на официјалните канали на социјалните мрежи, со оглед натоа што документот сега се предава веќе пополнет од нивна страна.

Во следниот период ЕСМ Снабдување, по достава на фактурите за топлинска енергија, до потрошувачите кои сеуште не потпишале договор ќе го достави образецот на Договорот за снабдување со топлинска енергија на нивната адреса, по што истиот ќе треба да го предадат потпишан од нивна страна во Пунктовите на ЕСМ Снабдување.

ЕСМ Снабдување со топлина ќе им овозможи на граѓаните соодветен временски период за регулирање на обврската, и во тој период греењето непрекинато ќе се испорачува.

Во врска со начините на плаќање на фактурите во ЕСМ Снабдување, јавноста дополнително ќе ја известиме за сите детали, но во овој момент би напоменале дека интензивно се подготвуваме потрошувачите да ги имаат сите можности кои ги имале кај претходниот снабдувач како услугата електронска фактура, услугата брзо плаќање и EPAYуслугата.

Така, потрошувачите кои имаат склучено договор за наплата на фактурите за топлинска енергија преку траен налог, од матичната банка ќе добијат инструкции за постапување.

Оние кои плаќаат преку електронско банкарство, во зачуваните шаблони односно ПП налози за плаќање ќе биде потребно да ја проверат и ако има потреба и да извршат промена на жиро-сметката од претходниот Снабдувач и да ја внесат таа на ЕСМ Снабдување која ќе им биде доставена со фактурите.

За потрошувачите на ЕСМ Енергетика ве известуваме дека фактурите кои доцнеа поради примена на финансиската подршка од Владата на РСМ за надоместување на разликата на цена на топлинската енергија, веќе се дистрибуираат за месец август и септември и истите ќе имаат соодветен рок за плаќање.

ПОВЕЌЕ

Соопштение – Саниран дефект на мрежа во населбата Тафталиџе 2

Соопштение – Саниран дефект на мрежа во населбата Тафталиџе 2

Саниран е дефектот на дистрибутивната топловодна мрежа и нормализирана е испораката на топлинска енергија во населбата Тафталиџе.

Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина ја завршија санацијата на дистрибутивната топловодна мрежа на улица Бањалучка. По отстранување на дефектот, повторно е воспоставена нормална испорака на топлинска енергија за потрошувачите од следните објекти од населбата Тафталиџе 2
• Ул.Бањалучка бр.6
• Ул.Бањалучка бр.22
• Ул.Бањалучка бр.28
• Ул.Бањалучка бр.30
• Ул.Бањалучка бр.37

ПОВЕЌЕ

Соопштение – Дефект на мрежа во населбата Тафталиџе 2

Соопштение – Дефект на мрежа во населбата Тафталиџе 2

Поради дефект на вод на улица Бањалучка, без греење се објектите на:
• Ул.Бањалучка бр.6
• Ул.Бањалучка бр.22
• Ул.Бањалучка бр.28
• Ул.Бањалучка бр.30
• Ул.Бањалучка бр.37
ЕСМ Дистрибуција на топлина интензивно работи на санирање на дефектот, со цел што поскоро да се нормализира испораката на топлина.
За повеќе информации обратете се во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонскиот број 3076 200.

ПОВЕЌЕ

Во 26 објекти во моментов не се обезбедени потребните услови за испорака на топлинска енергија

Во 26 објекти во моментов не се обезбедени потребните услови за испорака на топлинска енергија

Затворени објекти во кои нема испорака на топлинска енергија

Апелираме до потрошувачите, заедниците на сопственици и управителите да ги обезбедат потребните услови за непречена испорака на топлинска енергија во објектите по почетокот на грејната сезона, Потрошувачите и заедниците на сопственици е потребно да ги отстранат дефектите на внатрешната грејна инсталација во најкус можен рок, да овозможат непречен пристап на екипите на компанијата до топлинската станица, да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација)
За информации или пријави на дефекти и завршени интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (24/7): 02 3076 200 и 075 400 100

ПОВЕЌЕ

Електронски образец на Договор за снабдување со топлинска

Електронски образец на  Договор за снабдување со топлинска

Договор за снабдување со топлинска енергија

Потребно е потрошувачите да кликнат на дадениот линк, да го симнат договорот, да го испечатат во два примерока, да ги пополнат и двата примерока да ги предадат во еден од Наплатните Пунктови, со приложување на увид документ за лична идентификација и една фактура (или копија) од претходниот снабдувач.
Договорот треба да го поднесе лично потрошувачот на чие име се води сопственоста на станбениот простор во објектот. Доколку сопственикот на имотот не е во можност лично да дојде во наплатниот пункт, може да ополномошти друго лице, кое во негово ќе го потпише потребниот договор.
По заверка на договорот, од страна на ЕСМ Снабдување истиот ке биде доставен по пошта на адреса на потрошувачот наведена во договорот и со тоа Договорот ќе се смета за склучен.
Доколку е настаната статусна промена на сопственост (купопродажба, решение за наследување и сл) новиот потрошувач потребно е да приложи на увид документ за идентификација како и документ со кој се докажува сопственоста на посебен дел од објектот како имотен лист, купопродажен договор или решение за наследување.

Наплатни Пунктови:
• Пункт Центар на Ул.Кочо Рацин бр.33 – Олимписки базен,
• Пункт Исток на Ул. Јане Сандански бр.49-н.Аеродром и
• Пункт Запад на Ул. Лондонска бр.8-н.Тафталиџе.

Работно време на Наплатните Пунктови од понеделник до петок од 08 до 18 часот и сабота од 09 до 13:30 часот.
Центар за грижа на потрошувачи нон-стоп 24/7 на следните броеви: 02/ 3076 200 и 075 400 100

ПОВЕЌЕ

Соопштение – договори за парно

Соопштение – договори за парно

Договорите за парно греење ќе се праќаат и по пошта и ќе се постават на веб страницата на АД ЕСМ

Заклучно со 18.10.2022 , до 11:00 часот, склучени се 950 Договори за снабдување со топлинска енергија со потрошувачите, во пунктовите на ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје.
Снабдувачот со топлина апелира до граѓаните да продолжат да пристапуваат кон пунктовите и непосредно да ја регулираат својата правна обврска во однос на испораката на топлина до нивните домови и објекти.

Во меѓувреме, ЕСМ Снабдување подготвува поедноставување на постапката за склучување на нови договори и новите начини ќе бидат достапни во следните денови, за што јавноста ќе биде навремено известена.

Потрошувачите ќе имаат можност самите да го пополнат образецот на Договорот за снабдување со топлинска енергија, кој ќе биде прикачен на веб-страницата на АД ЕСМ и во два примерока да го предадат во еден од Пунктовите, со приложување на увид документ за лична идентификација и една фактура (или копија) од претходниот снабдувач. По заверка на договорот, од страна на ЕСМ Снабдување истиот ке биде доставен по пошта на адреса на потрошувачот, наведена во договорот.
Исто така, ЕСМ Снабдување во наредниот период ќе го достави образецот на Договорот за снабдување со топлинска енергија во поштенското сандаче во објектите каде се испорачува топлинска енергија, а потрошувачите ќе треба истиот да го пополнат во два примерока и да го предадат во еден од Пунктовите на ЕСМ Снабдување, со документ за лична идентификација на увид и една фактура (или копија) од претходниот снабдувач. По заверка на договорот, од страна на ЕСМ Снабдување иститот ке биде доставен по пошта на адреса на потрошувачот, наведена во Договорот.

Со новите начини ќе се намали времето на задржување на потрошувачите во пунктовите, со оглед на тоа што документот ќе биде веќе пополнет од нивна страна.

ЕСМ Снабдување ќе воспостави и директни контакти со корисниците кои од лични причини не можат да ги напуштат своите домови, ќе им излезе во пресрет и ќе им овозможи Договорот да го склучат во нивниот дом.
Тековно ќе се изнаоѓаат решенија и за други корисници, кои во следниот период ќе бидат отсутни и за истите ќе се определи посебен термин за склучување на договорот, согласно нивните можности.

ПОВЕЌЕ

Соопштение

Соопштение

АД ЕСМ денеска испрати допис до Макпетрол, и до уште две други фирми кои покажаа интерес да обезбедат гас за потребите на АД ЕСМ, во кој допис од истите е побарано до 20.10.2022г да достават понуда за гас за периодот ноември-април.

Понудата која треба да ја достават се однесува на количини, цена, услови на плаќање и обезбедување преку банкарски гаранции.

Инаку, за периодот ноември-април АД ЕСМ има потреба од 225 милиони нм3 природен гас, со кои ќе се покрие максимално работење во наведениот период, на топланите Исток и Запад, Когел и на ТЕ ТО, доколку и оваа електрана биде интергрирана во електро-енергетскиот систем на ЕСМ, односно биде потпишан договор за деловно-техничка соработка со истата.

ПОВЕЌЕ

Соопштение -греење нови договори

Соопштение -греење нови договори

На три пункта во Скопје може да се потпишат новите договори за парно греење, испораката на топлина нема да биде прекината

Новиот снабдувач со топлинска енергија на градот Скопје, ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје, како носител на лиценца издадена од Регулаторната комисија за енергетика има обврска да ги снабдува потрошувачите со топлинска енергија во согласност со Лиценцата, Законот за енергетика и актите кои ги носи Регулаторната комисија за енергетика.

Заради регулирање на потрошувачкиот однос на снабдувачот со потрошувачите утврден во Правилата за снабдување со топлинска енергија, потребно е да се склучи Договор за снабдување со топлинска енергија.

За таа цел потрошувачите на чии име се води парното греење во домот/објектот, потребно е да се обратат во пунктовите на ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје, каде во куса постапка ќе им биде приложен на потпис Договор со новиот снабдувач, кон кого ќе ја имаат обврската за плаќање на услугата.
Договорот е ист како и досега, и е одобрен од Регулаторната комисија за енергетика.
За склучување на договорот потребно е да се понесе документ за лична идентификација и фактура (или копија) за топлинска енергија од претходниот снабдувач.

Во Скопје постојат три пункта, со работно време од понеделник до петок од 08 до 18 часот и сабота од 09 до 13:30 часот, на следните локации:

Пункт Центар на Ул.Кочо Рацин бр.33 – Олимписки базен,
Пункт Исток на Ул. Јане Сандански бр.49-н.Аеродром и
Пункт Запад на Ул. Лондонска бр.8-н.Тафталиџе.

Корисниците можат веднаш да пристапат кон пунктовите со цел склучување на договорите. Напоменуваме дека ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје ќе им овозможи на граѓаните соодветен временски период за регулирање на обврската, и дека доколку од различни причини корисниците не успеат да склучат нов договор до крајот на месецот, греењето непрекинато ќе се испорачува и во ниеден момент испораката нема да биде загрозена.
Корисниците кои нема да ги склучат договорите по овој повик, ќе бидат контактирани од снабдувачот ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје, со цел да се изнајде термин соодветен за потрошувачите за склучување на договорот, со оглед на тоа што одредени корисници може да бидат отсутни во следниот период, или од различни лични, здравствени и други причини да не можат да се јават на пунктовите.
ЕСМ Снабдување ќе воспостави директни контакти, додека за корисниците кои не можат да ги напуштат своите домови ќе им излезе во пресрет и ќе им овозможи Договорот да го склучат во нивниот дом.

Поради повеќе прашања пристигнати до Службата за грижа на корисници, ги информираме корисниците дека не е правно возможно преземање на постоечките договори со претходниот снабдувач, односно е единствено можно да се склучат нови договори.
Новиот снабдувач во следниот период ќе воспостави и сопствен систем за он лајн наплата.

ПОВЕЌЕ