НАБАВЕНА СОПСТВЕНА ПОМОШНА МЕХАНИЗАЦИЈА ЗА РЕК БИТОЛА ЗА 17.5 МИЛИОНИ ЕВРА

АД ЕСМ набави 36 парчиња помошна механизација за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола во вредност од 17.5 милиони евра.
Набрзо ќе бидат набавени дополнителни 11 машини, со што комбинатот во следниот период во голема мера ке се потпира на свои ресурси, кои дополнително ќе бидат зајакнати со планираната претстојна набавка на циклична механизација во вредност од 26 милиони евра, за потребите на ископите во РЕК Битола.