СОСТАНОК НА РАКОВОДСТВОТО НА ЕСМ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА СВЕТСКА БАНКА
Управниот одбор на АД ЕСМ одржа состанок со претставници на Светска банка задолжени за финансирање на проекти во енергетиката. Тема на средбата беа најдобрите опции за менаџирање на евентуални идни енергетски кризи базирано врз искуствата од актуелната криза, потоа плановите за намалување на производството на електрична енергија со емисии на СО2 и инвестирањето во обновливи извори.