Соопштение за набавка на гумени траки во РЕК Битола
Во врска со тендерот за набавка на гумени траки за РЕК-Битола, за кој дел од јавноста покажа интересирање за учеството на фирмата ,,Фероинвест,, заради што поголема транспарентност на процесот ги ставаме на увид податоците поврзани со текот на целата тендерска постапка до овој момент, со оглед на тоа што истата се уште не е завршена.
Јавна набавка за ,, набавка на транспортни ленти”:
- ,,Фероинвест” доставил понуда до АД ЕЛЕМ на 12.04.2017 година во 15:37 часот преку Електронскиот систем за јавни набавски (ЕСЈН)
- Јавното отворање на понудите се одржа на 13.04.2017 година
- Евалуацијата е завршена на 29.06.2017 година
- Првата аукција е одржана на 03.07.2017 година за сите 5 лота (одвоени пакети за набавка)
- Првата одлуката за избор на најповолен понудувач е донесена на 10.07.2017 година
- Решение од Државната комисија по жалби за јавни набавки (ДКЖЈН) со кое ја враќа постапката во повторна евалуација е донесено на 28.07.2017 година.
- Повторната евалуација е почната по добивање на решението од ДКЖЈН и завршена е на 04.08.2017 година
- Втората аукција е одржана на 08.08.2017 година за сите 5 лота.
- Одлуката за избор е донесена на 15.08.2017 година
Решение од ДКЖЈН со кое ја враќа постапката во повторна евалуација е донесено на 01.09.2017 година.