Македонски енергетски форум во Струга на 7 и 8 јуни, АД ЕЛЕМ меѓу иницијаторите на настанот
Со особено задоволство го објавуваме одржувањето на Македонскиот енергетски форум 2018 на 7 и 8 јуни во хотел „Изгрев“, Струга. Форумот е поддржан од АД Електрани на Македонија, Владата на Република Македонија и ЗИП Институт.
Македонскиот енергетски форум 2018 ќе биде платформа на која ќе бидат споделени и директно комуницирани светските трендови во енергетиката и нивното влијание во Македонија и на Балканот. На форумот ќе гостуваат панелисти од САД, Европа, претставници од Европската енергетска заедница, членови на Владата на Република Македонија, претставници од енергетски компании, професори и експерти од МАНУ што ќе дискутираат на различни теми од областа на енергетиката.
Клучното и водечко мото на Македонскиот енергетски форум 2018 ќе биде „Решенија во енергетиката денес – алтернативи за иднината“. На форумот ќе седискутира за традиционалните, но и за новите енергетски извори, за проектите за гасификација и за максимално искористување на обновливите извори на енергија, како и размислувања за светските трендови во енергетиката, кои се очекуваат во следните години.
Ова се темите на кои ќе се дискутира:
Панел I: Енергетиката во светот во следните 20 години
Панел II: Обновливи извори, микромрежи и батерии
Панел III: Енергетската стабилност и сигурност на Западен Балкан
Панел IV: Гасификација и можни правци за снабдување со природен гас
Панел V: Енергетска политика во Република Македонија – патот напред
За повеќе информации за Македонскиот енергетски форум 2018 посетете ја веб страната отворена специјално за Македонскиот енергетски форум www.mef.mk
На таа веб страна е линкот што ќе ве води низ процесот на регистрација.