АД ЕЛЕМ ги презема сите мерки за намалување на нивото на Охридското Езеро
АД Електрани на Македонија ги преземаат сите мерки за да се намали високиот водостој на Охридско Езеро. Хидроелектраните на АД ЕЛЕМ во моментов, но и подолг период наназад работат со максимален капацитет.
Проценките на компанијата се дека во рок од еден месец нивото на езерото ќе се спушти под 693.75 мнв, што е дозволена кота за година со високи води. Во моментов водотеците веќе се смируваат и се намалуваат и се создаваат услови за позабележително намалување на водостојот.