АД ЕЛЕМ со донација за Здружението на слепи и слабовидни лица од Кичево
АД Електрани на Македонија додели донација од 6.000 евра на Здружението на слепи и слабовидни лица во Кичево. Во согласност со општествено одговорните и корпоративните политики, акционерското друштво за производство на електрична енергија во државна сопственост во континуитет се труди да подаде рака на здруженија на граѓани на кои помошта им е неопходна.
-За социјално ранливите категории граѓани во нашето општество, од голема важност е секој поединец, државни институции и приватни фирми, да го разбудиме и одгледуваме чувството на солидарност, со цел да им се обезбедат и создадат работни услови, за и тие да се почуствуваат рамноправни со нас. Само на тој начин, градиме инклузивно – одговорни општества со еднакви можности за сите – истакна заменик на генералниот директор на АД ЕЛЕМ, Фатмир Лимани кој во името на Управниот одбор ги посети просториите на здружението и симболично ја врачи донацијата од АД ЕЛЕМ. Во рамките на посетата, Лимани ја поздрави иницијативата на градоначалникот на Кичево, за обезбедување на нови простори за Здружението за слепи лица и Здружението на глувонеми лица.
Претседателот на Здружението Зулбеари се заблагодари за дадената помош и изрази надеж дека наскоро, при изградбата на новата општинска зграда во Кичево, на Здружението ќе му се додели пристојна канцеларија, бидеќи, како што рече, сегашните простории се во лоша состојба.