АД ЕСМ продаде 14.400 MWh вишоци електрична енергија за 687.700,80 евра
АД ЕСМ на 23 април продаде 14.400 MWh вишоци електрична енергија за вкупна сума од 687.700,80 евра. Продадената електричната енергија е за периодот 1-12 мај, 2019 година, а просечната цена која беше постигната на аукцијата изнесува 47,76 EUR/MWh.
На HUPX (Унгарската берза на електрична енергија), цената за тој период изнесува 47,95 EUR/MWh. Во 2019 година ова беше седма по ред реализирана јавна аукција за продажба на вишоци.