КОНКУРС за доделување 2 стипендии за студенти на ФПТН-Штип

Врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу АД ЕСМ и Факултетот за природни и технички науки – Штип при Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип, се распишува

                                                                                       КОНКУРС

за доделување 2 стипендии

за студентите на Факултетот за природни и технички науки  Штип

 На конкурсот можат да се пријават:

  • Студенти кои студираат на една од следните студиски програми:
  • Студиска програма рударство
  • Студиска програма геологија

Право на учество имаат сите студенти кои ги исполнуваат следните  критериуми:

  • студентот да е редовен студент запишан на прв циклус студии по првпат во прва студиска година во учебната 2018/2019 година;
  • просечната оценка на студентот до датумот на апликацирање да не е помала од 8.0;
  • студентот да не е корисник на стипендија или кредит од друга установа, институција или компанија;
  • студентот да е државјанин на Република Северна Македонија;

Изборот и селекцијата на кандидатите го врши Комисија за стипендирање составена од 3 (три) члена и тоа: 2 (два) члена од редот на вработените во АД ЕСМ и 1 (еден) член од  Факултетот за природни и технички науки – Штип.

Селекцијата на заинтересираните кандидати за остварување право на стипендија ќе биде направена врз основа на остварениот просечен успех на студентот до датумот на аплицирање, освоените поени при упис на факултет и резултатите од реализираното интервју, кое ке го врши комисијата составена од два претставници од АД ЕСМ и еден претставник од факултетот согласно следната методологија:

  • освоени поени од остварениот просечен успех на студентот до датумот на аплицирање, најмногу 70 поени;
  • освоените поени при упис на факултетот, најмногу 25 поени;
  • резултати од реализираното интервју, најмногу 5 поени.

Висината на стипендијата изнесува 6.000,00 денари месечно и ќе се доделува за времетрање од 10 (десет) месеци годишно, со можност за продолжување или за прекин, во зависност од исполнувањето на обврските од страна на студентите пропишани со Договорот за стипендирање.

Со избраниот кандидат ќе се потпише Договор за стипендирање.

Кандидатите на кои ќе им биде доделена стипендија имаат обврска студиската година да ја завршат во рок и со просек не помал од 8, во спротивно, стипендистот го губи правото на стипендија и се обврзува да го врати примениот износ на компанијата со која го склучил Договорот за стипендирање и други обврски пропишани во Договорот за стипендирање.

 Потребна документација за аплицирање:

  • Пополнета апликација/прашалник подготвен од страна на АД ЕСМ;
  • Мотивациско писмо;
  • Потврда за редовен студент запишан во прва година на студии;
  • Уверение за положени испити и остварен успех за учебна 2018/2019;
  • Изјава дека не сте корисник на стипендија или кредит од друга установа, институција или компанија потпишана и од солидарен гарант;
  • Копија од уверение за државјанство  на Република Северна Македонија.

Апликацијата/прашалникот е објавена на интернет-страницата на Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, Факултетот за природни и технички науки – Штип: http://ugd.edu.mk/

Начин на аплицирање:

Документите се поднесуваат во Архивата на Факултетот за природни и технички науки – Штип (во Деканатот) или по пошта на адреса:

Универзитетот Гоце Делчев-Штип,

Факултетот за природни и технички науки – Штип, Кампус 2

ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А,

Пош. фах 201,

Штип – 2000, Република Северна Македонија 

 -во периодот од 07.06.2019 до 01.07.2019 година.

5_1_АПЛИКАЦИЈА_УГД_ФПТН_2018_19