ПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТ ЗА НАДЗОР НАД ГРАДБА
АД Електрани на Северна Македонија објавува
ПОВИК за КОНСУЛТАНТ за НАДЗОР НАД ГРАДБА
за проектот
ФОТОНАПОНСКА ЕЛЕКТРАНА ОСЛОМЕЈ – 10 MW
АД ЕСМ ги повикува сите заинтересирани да се пријават на порталот за е-набавки на Европската Банка за Обнова и Развој (ecepp.ebrd.com). Сите компании треба да се регистрираат на ECEPP на следниот линк: https://ecepp.ebrd.com/respond/SXF6SC5HN3 и да изразат интерес за овој проект. Набавката и евалуацијата ќе се изведуваат според правилата на ЕБОР. Целосните услови за учество се вклучени во документите прикачени на платформата. Идните консултанти можат да побараат разјаснување и дополнителни информации преку платформата ECEPP.