ФЕ ОСЛОМЕЈ – СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА

АД „ЕСМ“ – Електрани на Северна Македонија како општествено одговорна компанија се залага за унапредување на социјалните аспекти и интересите на заедницата, како и безбедноста и здравјето при работа на сите директно и индиректно вработени. АД „ЕСМ“ во соработка со Европската Банка за Обнова и Развој влезе во инвестиција за изградба на првата 10MW фотонапонска електрана – ФЕ Осломеј (Проектот), која ќе произведува околу 15 GWh електрична енергија годишно, што соодветствува на потребите на околу 2.000 домаќинства.

Со изградбата на фотонапонската електрана ФЕ Осломеј, АД „ЕСМ“ и Република Северна Македонија ќе бидат чекор поблиску до исполнување на обврските кон Европската Унија и остварување на поставената цел, 20% удел на обновливите извори во производството на електрична енергија. Покрај поддржување на националните напори за зголемување на учеството на обновливите извори на енергија во вкупното производство на електрична енергија, АД „ЕСМ“ со Проектот поддржува намалување на штетните емисии од СО2, декарбонизација, намалување на негативното влијание на производство на енергија врз животната средина и здравјето на луѓето и обезбедува одржлив развој на заедниците. Со овој Проект АД „ЕСМ“ се заложува и обезбедува значителни придобивки за нашата клима, нашето здравје и нашата економија. АД „ЕСМ“ во склоп на своето работење ги има имплементирано и во целост е усогласен со принципите и барањата на стандардите забезбедност и здравје при работа (OHSAS 18001), заштита на животната средина (ISO 140001) и квалитет (ISO 9001).

Компанијата, како и “клуч на рака“ Изведувачот и подизведувачите, во склоп на Проектот, се залагаат и ќе се залагаат целосно во исполнување на овие стандарди, правила, принципи и начела во текот на целиот животен век на Проектот.

Овие заложби ќе бидат постигнати преку:

  • Интеграција на барањата за безбедност и здравје при работа, заштита на животната средина и квалитет уште во најраните фази на проектот, како критериум за избор на Изведувач, и во целата понатамошна проектна и договорна документација
  • Обврзување на Изведувачот, подизведувачите и надзорните органи за целосно придржување до сите национални стандарди и најдобри интернационални практики за безбедност и здравје при работа и заштита на животната средина
  • Целосна транспарентност при објавување на сите релевантни информации поврзани со Проектот, отворена комуникација со јавноста и вклучување сите засегнати страни
  • Ќе бидат обезбедени средства за работа, како работни и помошни простории, опрема за работа, опрема за лична заштита и секое друго средство кое се користи при работниот процес и ќе се превземат сите превентивни мерки за цел спречување или намалување на ризиците и опасностите по безбедноста и здравјето при работа
  • Инволвирање на локалните заедници во проектот и имплементација на компаниски и вон-компаниски механизам за жалби и поплаки
  • Пренамена на земјиште девастирано од рударски активности во електрана која ја намалува потребата од фосилни горива

 Самата фотонапонска електрана во својот оперативен век нема ја оптеретува животната средина, таа ќе произведува чиста енергија, со што се избегнува емисијата на стакленички гасови. Вработувањата трајни и времени, директни или индиректни, како и преквалификацијата и обуките на вработените се значаен аспект на овој Проект, кои ќе имаат и социјален и економски бенефит во заедницата. Со оваа соларна електрана, и во иднина со следните, кои се во инвестицискиот план на АД „ЕСМ“, сме чекор поблиску да обезбедиме и чиста и одржлива енергетска иднина.

Во текот на целиот Проект посебена заложба е почитување и исполнување на стандардите за здравје и безбедност при работа во целост, а АД „ЕСМ“, Изведувачот и Надзорниот орган строго ќе ја контролираат имплементацијата.

 Социјална политика ФЕ Осломеј