ФОТОНАПОНСКИ ЕЛЕКТРАНИ БИТОЛА 60 MW И 100 MW – ПОВИК ЗА ПРЕТКВАЛИФИКАЦИЈА

Повик за претквалификација за избор на консултант за изработка на фисибилити студија за проектот Фотонапонски електрани Битола 60 MW и 100 MW.

АД ЕСМ ги информира сите заинтересирани компании да се пријават на порталот за е-набавки на GTAI (Germany Trade & Invest) која е економска развојна агенција на Сојузна Република Германија (www.gtai.de) и TED (Tenders Electronic Daily) која е електронска тендерска платформа на Европска Унијa (www.ted.europa.eu).

Заинтересираните компании треба да се регистрираат на порталот во делот наменет за проекти финансирани со ГРАНТ од KfW банка и да изразат интерес за овој проект. Набавката и евалуацијата ќе се изведуваат според правилата на KfW банка. Условите за учество се вклучени во документите прикачени на порталот. Компаниите можат да побараат разјаснување и дополнителни информации согласно упатствата дадени во документите.

PQ_Notice_FS_Bitola_PVPPs_NM_210615