Соопштение за одржана аукција

АД ЕЛЕМ ја информира јавноста дека денешната аукција за тендерот за гумени ленти за транспорт на материјалот во РЕК Битола заврши делумно успешно. Цените коишто учесниците ги понудија во четири од петте одвоени пакети, односно лота, се повисоки од сумата која АД ЕЛЕМ ја имаше планирано во буџетот за нив. Прифатлива е понудата само за еден лот, која што е дадена од  ,,Repro-Oprema d.o.o.Beograd”.

Комисијата за јавни набавки на АД ЕЛЕМ ќе ја утврди фактичката состојба во текот на следната недела и ќе се изјасни за натамошните чекори во врска со овој тендер. Според законот, една од можностите е да се прифати понудата за делот од набавката која е во рамките на предвидениот буџет на АД ЕЛЕМ, а за другите четири да се поништи тендерот и да се распише нов. Во тој случај,  АД ЕЛЕМ веднаш ќе почне процедура за нов тендер, од причини што предметот на оваа набавка е крајно неопходен за да може да тече производството во РЕК Битола.

Во продолжение дадени се цените од денешната аукција по понудувач и по секој од петте одвоени пакети кои ја сочинуваа набавката на гумени ленти за транспорт на материјалот во РЕК Битола, како и сумата која АД ЕЛЕМ ја имаше предвидено во буџетот за оваа набавка.

(приложените цени се дадени во денари без ДДВ.)

Дел од предметот на договорот за јавна набавка : ЛОТ 1 -Гумени транспортни ленти од 1800-2400(мм) со платно

Понудувач Понудена цена
Друштво за производство, трговија и услуги ФЕРО ИНВЕСТ ДОО експорт-импорт Скопје 23.595.280,00

Планирана максимална цена од АД ЕЛЕМ: 22.913.710,00 мкд без ДДВ

Дел од предметот на договорот за јавна набавка : ЛОТ 2- Гумени транспортни ленти од 1600(мм) со платно

Понудувач Понудена цена
Fabryka Taśm Transporterowych  Wolbrom S.A. 97.239.916,00
Repro-Oprema d.o.o.Beograd 108.718.763,77
Друштво за производство, трговија и услуги ФЕРО ИНВЕСТ ДОО експорт-импорт Скопје 108.884.150,00

Планирана максимална цена од АД ЕЛЕМ: 91.134.073,00мкд

Дел од предметот на договорот за јавна набавка : ЛОТ 3- Гумени транспортни ленти од 1200-1400(мм);

Понудувач Понудена цена
Друштво за производство, трговија и услуги ФЕРО ИНВЕСТ ДОО експорт-импорт Скопје 121.738.000,00
Repro-Oprema d.o.o.Beograd 121.977.550,82
Fabryka Taśm Transporterowych  Wolbrom S.A. 123.133.984,00

Планирана максимална цена од АД ЕЛЕМ: 109.360.888,00мкд

Дел од предметот на договорот за јавна набавка : ЛОТ 4 – Гумени транспортни ленти со платно за потреби на СДЈ

Понудувач Понудена цена
Repro-Oprema d.o.o.Beograd 7.083.490,16  ПРИФАТЛИВА
Друштво за производство, трговија и услуги ФЕРО ИНВЕСТ ДОО експорт-импорт Скопје 7.901.600,00
Fabryka Taśm Transporterowych  Wolbrom S.A. 8.015.746,00

Планирана максимална цена од АД ЕЛЕМ: 7.811.492,00мкд

Дел од предметот на договорот за јавна набавка : ЛОТ 5 –  Гумени транспортни ленти со платно за потреби на отпепелување

Понудувач Понудена цена
Repro-Oprema d.o.o.Beograd 28.765.775,98
Друштво за производство, трговија и услуги ФЕРО ИНВЕСТ ДОО експорт-импорт Скопје 30.512.200,00
Fabryka Taśm Transporterowych  Wolbrom S.A. 30.557.015,00

Планирана максимална цена од АД ЕЛЕМ: 27.079.837,00мкд

Вкупен планиран буџет на АД ЕЛЕМ за сите лота: 258.300.000,00 денари