Поништен тендерот за гумени ленти во РЕК Битола
Раководството на АД ЕЛЕМ донесе одлука да го поништи тендерот за набавка на гумени ленти за РЕК Битола. Причина е тоа што на последната, трета аукција, понудените цени во четири ЛОТА се повисоки од планираниот буџет за нив, додека во еден ЛОТ понудената цена е повисока од реалната на пазарот. Доколку на оваа одлука нема жалби од учесниците на тендерот и доколку одлуката за поништување стапи на сила, АД ЕЛЕМ веднаш ќе пристапи кон распишување на нов тендер, од причина што предметот на оваа јавна набавка, гумените ленти потребни за транспорт на материјалот, се неопходни за да може РЕК Битола непречено да работи.
Во продолжение е приложена табелата со податоци од третата аукција по понудувач, понудена цена и предвиден буџет на АД ЕЛЕМ.
Исто така, сакаме да ја информираме јавноста дека предметот во врска со тендерот за ископ на јаглен во РЕК Битола сe’ уште е на одлучување кај Државната комисија за жалби по јавни набавки, од каде АД ЕЛЕМ очекува одлука и насоки како да постапи во врска со оваа јавна набавка.
Дел од предметот на договорот за јавна набавка : ЛОТ 1 -Гумени транспортни ленти од 1800-2400(мм) со платно
Понудувач | Понудена цена | |
Друштво за производство, трговија и услуги ФЕРО ИНВЕСТ ДОО експорт-импорт Скопје | 23.595.280,00 |
Планирана максимална цена од АД ЕЛЕМ: 22.913.710,00 мкд без ДДВ
Дел од предметот на договорот за јавна набавка : ЛОТ 2- Гумени транспортни ленти од 1600(мм) со платно
Понудувач | Понудена цена | |
Fabryka Taśm Transporterowych Wolbrom S.A. | 97.239.916,00 | |
Repro-Oprema d.o.o.Beograd | 108.718.763,77 | |
Друштво за производство, трговија и услуги ФЕРО ИНВЕСТ ДОО експорт-импорт Скопје | 108.884.150,00 |
Планирана максимална цена од АД ЕЛЕМ: 91.134.073,00мкд
Дел од предметот на договорот за јавна набавка : ЛОТ 3- Гумени транспортни ленти од 1200-1400(мм);
Понудувач | Понудена цена | |
Друштво за производство, трговија и услуги ФЕРО ИНВЕСТ ДОО експорт-импорт Скопје | 121.738.000,00 | |
Repro-Oprema d.o.o.Beograd | 121.977.550,82 | |
Fabryka Taśm Transporterowych Wolbrom S.A. | 123.133.984,00 |
Планирана максимална цена од АД ЕЛЕМ: 109.360.888,00мкд
Дел од предметот на договорот за јавна набавка : ЛОТ 4 – Гумени транспортни ленти со платно за потреби на СДЈ
Понудувач | Понудена цена | |
Repro-Oprema d.o.o.Beograd | 7.083.490,16 | |
Друштво за производство, трговија и услуги ФЕРО ИНВЕСТ ДОО експорт-импорт Скопје | 7.901.600,00 | |
Fabryka Taśm Transporterowych Wolbrom S.A. | 8.015.746,00 |
Планирана максимална цена од АД ЕЛЕМ: 7.811.492,00мкд
Дел од предметот на договорот за јавна набавка : ЛОТ 5 – Гумени транспортни ленти со платно за потреби на отпепелување
Понудувач | Понудена цена | |
Repro-Oprema d.o.o.Beograd | 28.765.775,98 | |
Друштво за производство, трговија и услуги ФЕРО ИНВЕСТ ДОО експорт-импорт Скопје | 30.512.200,00 | |
Fabryka Taśm Transporterowych Wolbrom S.A. | 30.557.015,00 |
Планирана максимална цена од АД ЕЛЕМ: 27.079.837,00мкд
Вкупен планиран буџет на АД ЕЛЕМ за сите лота: 258.300.000,00 денари