Оригинален проект на ЕЛЕМ – голема фотоволтаична електрана врз депонија на термоцентрала

Преземено од ПЛУСИНФО:

Досега најголемата фотоволтаична централа во Македонија ќе никне на депонијата на РЕК „Осломеј“ – така ќе се добива евтина струја и ќе се облагороди просторот.

Наредната година земјава ќе ја добие правата 10-мегаватна фотоволтаична централа. Ќе биде најголема во земјава, но скромна во однос на светските достигнувања. Оваа централа ќе ја гради државната компанија Електрани на Македонија (ЕЛЕМ), на просторот на депонијата на термоелектраната „Осломеј“. Се очекува да произведува 14,5 гигаватчасови енергија и да чини 7 милиони евра.

http://plusinfo.mk/vest/139734/originalen-proekt-na-elem–golema-fotovoltaicna-elektrana-vrz-deponija-na-termocentrala