АД ЕЛЕМ продаде вишоци електрична енергија за 3. 874.598 евра
АД Електрани на Македонија во текот на вчерашниот ден продаде вишоци електрична енергија во количина од 88.320MWh, по цена од 43,87eвра за MWh. Вкупната заработка за компанијата е 3.874.598 евра. Продадените вишоци се ,,базна” електрична енергија (0-24ч) за периодот јуни, јули и август 2018г.
АД ЕЛЕМ понуди и 14.400MWh ,,врвна” енергија (8-20ч) за која се доби највисока цена од 44,05 евра за MWh. Со оглед на тоа што постигнатата цената беше под проценките за исплатливост на производството на електрична енергија од наведениот тип, не беше извршена продажба на оваа количина.
Продажбата на електрична енергија која беше реализирана, ќе овозможи зголемување на производството на АД ЕЛЕМ во обем на наведените количини, подобрување на финансиската состојба и зголемување на портфолиото на компанијата.