Конкурс за стипендирање студенти на Државниот универзитет во Тетово

 

 

Врз основа на Меморандумот за соработка потпишан меѓу АД Електрани на Македонија (АД ЕЛЕМ) и Државниот универзитет во Тетово, објавен е конкурс за доделување пет (5) стипендии од АД ЕЛЕМ за студентите на Државниот универзитет во Тетово, кои студираат на една од следниве студиски програми:

  • Факултет за применети науки, програмски студии: мекатроника;
  • Факултет за применети науки, програмски студии: инженерска економија;
  • Факултет за природно- математички науки, програмски студии: информатика – професионална насока.

Право на учество имаат сите студенти кои ги исполнуваат следните критериуми:

  • студентот да е редовно запишан на прв циклус студии, првпат, во прва година во студиска 2017/2018 година;
  • просечната оценка по завршување на првиот семестар на студентот да не е помала од 8.0;
  • студентот да не е корисник на стипендија или кредит од друга установа, институција или компанија;
  • студентот да е државјанин на Република Македонија;
  • Изборот и селекцијата на кандидатите го врши Комисија за стипендирање составена од 3 (три) члена, и тоа: 2 (два) члена од редот на вработените во АД ЕЛЕМ и 1 (еден) член од Државниот универзитетот во Тетово.

Документите се поднесуваат во Центарот за студентски прашања и кариера при Универзитетот во Тетово, или по пошта на следнава адреса: Државен универзитет во Тетово, ул. Илинденска, бб, 1200 Тетово, во период од 19.6.2018 до 29.6.2018 година.

Апликацијата/прашалникот е објавена на интернет-страницата на Државниот универзитет во Тетово, на следниов линк:

http://unite.edu.mk/mk/konkurset/3309.html