АД ЕЛЕМ продаде нови вишоци електрична енергија за 1.621.956 евра
АД ЕЛЕМ во текот на вчерашниот ден продаде вишоци електрична енергија во количина од 19.080MWh, за вкупна сума од 1.621.956 евра. На аукцијата беа понудени количини за ноември 2018г.Постигнатите цени по кои беше продадена електричната енергија беа 74,50; 70,50; 92,60 и 92,50 евра за MWh.
АД ЕЛЕМ во текот на 2018г седум пати продава вишоци електрична енергија на отворениот пазар.
Преку овие аукции, оваа година се продадоа вкупно 339.040 MWh електрична енергија, во вкупна вредност од 19.778.649 евра.