АД ЕЛЕМ ја помогна реализацијата на летниот камп „Сите сме исти“
Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Карпош во периодот од 26 јули до 13 август 2018 година го реализираше Летениот камп „Сите сме исти“ во автокампот Ливадиште на брегот на Охридско Езеро.
На кампот учествуваа 25 деца и млади со посебни потреби, деца од социјално загрозени семејства, деца од еднородителски семејства и деца со потешкотии во учењето. За време на реализицијата на летниот камп, учесниците имаа можност да се дружаат, забавуваат, научат нови знаења и вештини. АД ЕЛЕМ го препозна значењето на иницијативата на Општинската организација на Црвен Крст Карпош и во координација со ЕЛЕМ Турс ја помогнаа организацијата и реализацијата на проектот.