ЕЛЕМ продаде вишоци електрична енергија за 488.395 евра
АД ЕЛЕМ на вчерашната аукција продаде 9.600 мегават часови вишоци електрична енергија за вкупна сума од 488.395 евра. За ЛОТ 1-базна енергија е постигната просечна цена од 49,78 евра за мегават час, а за ЛОТ 2-вршна енергија 58,55 евра за мегават час.
Продадената електричната енергија е за периодот од 25 февруари до 3 март 2019 година.