АД ЕСМ ќе ја зголеми соработката со студентите
Членови на студентската организација за размена на студенти ИАЕСТЕ денеска беа во посета на АД ЕСМ, при што му врачија благодарница на генералниот директор д-р Драган Миновски за успешната соработка.
Имено, АД ЕСМ пружа можност за изведување на пракса за студенти од странство преку организацијата ИАЕСТЕ. Во моментов студентите ја изведуваат праксата во РЕК Битола и во ХЕ Треска. Директорот Миновски изрази подготвеност да се прошири соработката и да се примат студенти на пракса и во другите термоелектрани и хидроелектрани во нашите подружници.
На денешната средба студентите беа запознати и со новите инвестиции на АД ЕСМ, како што е градбата на фотоволтаична електрана во ТЕ Осломеј, чиј почеток се очекува наесен, како и втората фаза од ветерниот парк Богданци, и ги покани студентите, не само од странство, туку и од нашата земја, во своите пракси во следниот период да ги вклучат и овие многу значајни развојни проекти кои многу ќе им помогнат за стекнување искуство кое ќе можат да го користат во своите идни професионални ангажмани.
Инаку, ИАЕСТЕ е меѓународна независна, невладина, неполитичка, волонтерска и студентска организација која овозможува размена на студенти од техничките факултети за извршување на стручна пракса.