Македонски енергетски форум од 15 до 17 мај во Струга
Од 15 до 17 мај 2019г во х. Изгрев во Струга ќе се одржи меѓународната конференција за енергетика Македонски енергетски форум-МЕФ 2019.Темата на годинешната конференција е ,,Енергетската транзиција во светот преку обновливи извори и енергетска ефикасност”. Настанот ќе го отвори претседателот на Владата на Р.Северна Македонија, Зоран Заев.
На МЕФ 2019 ќе учествуваат високи претставници од домашни и меѓународни институции, приватни компании, невладини организации и експерти од областа на енергетиката.Расправата ќе се одвива преку пет панели кои ќе третираат теми од регионалните предизвици во приклучувањето кон глобалната енергетска транзиција, новите технологии во обновливите извори, енергетската ефикасност, гасот, како и посебен панел за родовата застапеност во сферата на енергетиката.
Конференцијата е во заедничка организација на АД Електрани на Северна Македонија, Влада на Р. Северна Македонија, Амбасада на САД и невладината организација ЗИП Институт.
За сите заинтересирани за учество на конференцијата регистрацијата е дадена на следниот линк https://mef.mk/product/registration-fee-2/