НОВ РЕГИСТAР ЗА СЕКУНДАРНИ МИНЕРАЛНИ ОСТАТОЦИ

И ЗА НИВНА ПОЛЕСНА РЕУПОТРЕБА И РЕЦИКЛИРАЊЕ

АД ЕСМ заедно со конзорциум од институции и компании од Европа и регионот  е вклучен во РИС (RIS) проекти коишто се под финансиска закрила на Хоризонт Европа (Horizon Europe). Хоризонт  Европа е иницијатива за научно истражување на Европската Унија што е планирано да трае 7 години, и е продолжение на неодамнешната програма Хоризонт 2020 и претходните рамковни програми за истражување и технолошки развој.

Еден од тие проекти е  РИС Алис (RIS ALiCE) чијашто област на дејствување е циркуларната економија, пренаменување на индустриски или руднички отпад/јаловина во потенцијална суровина за понатамошна употреба.

Во рамки на проектот РИС Алис (RIS ALiCE) (https://alice-registry.eu/) e развиен нов регистaр за секундарни минерални остатоци (индустриски и руднички отпад/нуспроизводи) со податоци што се од интерес за производителите и корисниците на минерален отпад. Регистaрот е изработен за регионот на Источна и Југоисточна Европа.

Целта е она што претставува товар и отпад за една гранка на индустријата да се изнајде начин да се пренамени и употреби во друга гранка од индустријата, и е дел од иницијативата за Зеровејст (ZeroWaste) односно да се зголеми нивото на рециклирање со што ќе има многу помалку отпад на крајот од циклусот.

Во таа насока изработена е и онлајн база на податоци (регистар) со слободен пристап, каде компаниите коишто имаат секундарни суровини, можат со едноставно регистрирање да придонесат  за зголемување на базата со додавање податоци за своите суровини/минерален отпад. Оваа база на податоци треба да послужи за информирање на компании од областа на градежништвото за потенцијалните суровини што би ги употребиле во својот  производствен процес.

Регистaрот нуди „пазар“ на секундарни суровини за нивна потенцијална употреба во градежниот сектор.

Ве покануваме (особено производителите и корисниците на минерален отпад) да ја посетите веб страницата: https://alice-registry.eu/ и да го користите регистaрот за да ги споделите вашите податоци за секундарни суровини.