“МИЦУБИШИ” ЗАИНТЕРЕСИРАНА ЗА РАЗВОЈНИТЕ ЕНЕРГЕТСКИ ПРОЕКТИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Делегација на Mitsubishi заедно со нивната партнерска компанија Calik Enerji беа во посета на АД ЕСМ и нејзината подружница РЕК Битола. Jапонската делегација беше информирана за актуелната енергетска состојба во земјава и конкретно во РЕК Битола.

 

За време на посетата на РЕК Битола, менаџментот на АД ЕСМ ги информираше претставниците од Mitsubishi за нивниот план за изградба на нова гасна централа со инсталирана моќност од 250 MW и соларни електрани во рамките на комплексот РЕК Битола, како дел од стратегијата за транзиција кон зелена енергија.
Mitsubishi, заедно со своите партнерски компании, има огромно искуство во развојот на проекти за зелена енергија, како и проекти за енергетска транзиција, како што се електрани на гас.
На средбите со Управниот одбор на менаџерите на ЕСМ и РЕК Битола, претставниците на јапонската компанија изразија интерес за активно учество во развојот на енергетските проекти предвидени во планот за трансформација на производството на електрична енергија во Северна Македонија, односно имплементација на сценариото за „зелена енергија“.
 
 

Делегацијата се сретна и со претставници на Владата на Република Северна Македонија кои изразија подготвеност јапонската компанија и АД ЕСМ заедно да соработуваат како стратешки партнери во развој на енергетски проекти.