СРЕДБА КОВАЧЕВСКИ-ГАЛОВЕЈ

Амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј, оствари официјална посета на АД ЕСМ и работен состанок со генералниот директор, Васко Ковачевски. Од страна на британската делегација беше изразена заинтересираност на британските компании за инвестиции и финансирање на проекти во Р. Северна Македонија. На средбата се разговараше за можноста за стратешки инвестиции во фотонапонски и ветерни централи.
Директорот Ковачевски ги презентираше капиталните проекти на АД ЕСМ, од кои најголем дел се проекти во обновливи извори на електрична енергија и се финансирани преку меѓународни финансиски инситуции, како Европската банка за обнова и развој и германската КфВ банка.