АД ЕЛЕМ донираше 26 апарати за мерење на крвен притисок Е-пошта

Со цел подобрување на здравствената состојба на инвалидите на трудот, Националниот сојуз на инвалиди на трудот на Република Македонија реализираше проект финансиран од АД „Електрани на Македонија“.

Станува збор за набавка на 26. апарати за мерење крвен притисок наменети за сите Здруженија на инвалидите на трудот, членки на Националниот сојуз на инвалиди на трудот. Со овие апарати инвалидите ќе можат во секој момент да добијат сознание за својата здравствена состојба и да се поттикнат навремено да ги посетуваат здравствените установи.

Претседателот на здружението, Крсто Цанев изрази благодарност што се уште постојат компании кои имаат разбирање за потребите на инвалидите на трудот и истакна дека нивното искуство покажало дека ваков вид медицински апарати се` повеќе од неопходни за нивните членови и дека максимално ќе бидат искористени во функција на здравјето.

Генералниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски, истакна  дека ова е скромна донација што ќе го означи почетокот на понатамошната соработка зашто проектите од хуманитарен карактер секогаш имаат предност. Ние секогаш се трудиме да излеземе во пресрет на заедницата затоа што хуманоста е една од нашите најголеми заложби во работењето.