АД ЕСМ И СИНДИКАТОТ ПРЕГОВАРААТ ЗА НОВ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР

АД ЕСМ и Синдикалната организација на АД ЕСМ водат преговори за потпишување на нов колективен договор. Двете страни вклучени во социјалниот дијалог на неколкуте состаноци кои се одржаа ги претставија своите видувања за измени и дополнувања на определени членови од постоечкиот колективен договор на АД ЕСМ, со кои се унапредуваат правата на работниците во Државните електрани.
Барањата на претставниците на синдикалните подружници, односно на Синдикалната организација при АД ЕСМ се однесуваат на неколку ставки: дополнително подобрување на условите за работа, можност за повеќекратни награди за работна успешност, исплата на солидарни надоместоци, итн.
 
Консултациите со сите засегнати страни во дијалогот помеѓу АД ЕСМ и репрезентативните претставници на вработените во друштвото продолжуваат во текот на следните денови. Во предвид се земаат мислењата, потребите, побарувањата на вработените во сите подружници на АД ЕСМ, со што компанијата обезбедува најширок можен пленум во кој се разговара за унапредување и подобрување на условите на работа на работниците.
АД ЕСМ и Синдикалната организација при Државните електрани на Северна Македонија потпишаа два колективни договори во изминатите четири години. Секој од тие документи бил подобар од претходниот и претставувал дополнително подобрување на условите за работа на вработените, како и придобивките од работниот ангажман во АД ЕСМ. И колективниот договор за кој во моментов се преговара се очекува да биде круна на успешниот социјален дијалог кој се води во рамките на друштвото.