МАКЕДОНСКО-ЧЕШКИ БИЗНИС ФОРУМ КАКО МОЖНОСТ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА НА АД ЕСМ СО ЧЕШКИ КОМПАНИИ

На македонско-чешкиот бизнис форум што се одржа денеска во Скопје беше присутна и делегација од АД ЕСМ предводена од генералниот директор м-р Васко Ковачевски. Бизнис-форумот претставуваше можност за продлабочување на економската соработка помеѓу АД ЕСМ и чешките компании, како наши бизнис-партнери и соработници уште од времето на востановување на електро-енергетските објекти во државата, користење компатибилни делови на различна машинска и електро опрема, размена на искуства со оглед на постоењето на слични производни капацитети итн.
 
Форумот беше можност за проширување на контактите со претставници од чешки компании и нови можности за соработка во електро-енергетскиот сектор.