ЕСМ НА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА: ЈА МЕНАЏИРАМЕ ЕНЕРГЕТСКАТА И ТОПЛИНСКАТА КРИЗА И ВО ИСТО ВРЕМЕ РАБОТИМЕ НА ИНВЕСТИЦИИ ВО ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ
Директорот за развој и инвестиции на АД ЕСМ, Благој Гајдарџиски, учествуваше на регионалната конференција за енергетика ,,Самит за енергетската иднина” што се одржа во Требиње.На панелот насловен ,,Патиштата и динамиката на транзиција на електростопанствата од регионот” директорот Гајдарџиски ги изложи проектите во обновливи извори на АД ЕСМ и планот за идни инвестиции кои се во правец на движење на државата кон зеленото сценарио во производството на електрична енергија, а кои имаат голема поддршка од европската Енергетска заедница.
Од страна на Гајдарџиски на панелот беше пренесена оценката од ЕЗ дека Р. Северна Македонија е лидер во енергетската транзиција и во реформите во енергетиката, вклучувајќи законски решенија услогласени со регулативата на ЕУ, Стратегија за енергетика до 2040, активности кон зелено сценарио и проекти за реализација на сценариото за енергетска транзиција.
Присутните на конференцијата беа запознаeни дека АД ЕСМ ја менаџира енергетската и топлинската криза во Р. Северна Македонија, a во исто време работи и на реализација на инвестициите во обновливи извори на енергија.