СРЕДБА НА РАКОВОДСТВОТО НА АД ЕСМ СО РЕГИОНАЛНИОТ АМБАСАДОР НА КОП 26, ДЕЈВИД МОРАН
Генералниот директор, Васко Ковачевски, директорите за производство и инвестиции Благојче Трповски и Благој Гајдарџиски, колеги од Секторот за развој и инвестиции, се сретнаа со Дејвид Моран, регионалниот климатски амбасадор на Конференција за климатски промени на Обединетите Нации – КОП 26, како и претставници од Британската амбасада.
На состанокот се разговараше за енергетската транзиција на нашата компанија, се презентираа нашите проекти од обновливи извори на енергија и планот за идни инвестиции, кои се во насока на движење кон зеленото сценарио во производство на електрична енергија.
Нашата компанија останува посветена на постигнување на принципите поставени од КОП 26, поддржани и во нашата Национална стратегија за енергетика која предвидува намалување на емисијата на стакленички гасови и производство на електрична енергија од обновливи извори.