КОВАЧЕВСКИ: ДРЖАВАТА ЌЕ ПЛАТЕШЕ 37 МИЛИОНИ ЕВРА ПОВЕЌЕ ВО ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА АКО АД ЕСМ НЕ ГИ ВКЛУЧЕШЕ ТЕЦ НЕГОТИНО И ТЕ-ТО ВО СИСТЕМОТ
“Нескромно е да кажам дека АД ЕСM, со силна поддршка од Владата, успешно се справува со енергетската криза. Ако со поддршка од Владата, не ги ставевме во функција ТЕЦ Неготино и ТЕ-ТО за дополнително производство на електрична енергија, ние истата енергија ќе мораше да ја увезуваме и тоа ќе го чинеше буџетот поскапо за 37 милиони евра, изјави м-р Васко Ковачевски, генерален директор на АД ЕСМ, за ТВ Сител.
Ние, рече Ковачевски, сме една од ретките држави во Југоисточна Европа која во текот на енергетската криза немаше ни еден ден рестрикции на струја, немаше намалено производство, немаше намалено снабдување со електрична енергија.
Вложени се огромни напори на целото ЕСМ да менаџира и енергетска и топлинска криза.
Ние моментално работиме многу продукти надвор од нашите основни производни капацитети и обврски. 100 процентно го снабдуваме ЕВН Хоум за потребите на граѓаните кое снабдување е наша законска обврска по определена регулирана цена, но дополнително ја снабдуваме со електрична енергија и ЕВН Електродистрибуција за системските загуби во мрежа, снабдуваме енергија за системските загуби во мрежата на МЕПСО, го работиме ТЕЦ Неготино, работиме со ТЕ-ТО за дополнителна енергија електрична и топлинска и го работиме снабдувањето со парно греење во Скопје, односно БЕГ и Скопје Север. Владата од буџетот префрли 174 милиони евра за менаџирање на сите овие обврски и субјекти.”- нагласи Ковачевски.
Линк до изјавата: https://www.youtube.com/watch?v=PSpi2VvzJ8s