АД ЕСМ ВО ВРЕМЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА ГО ПРОШИРИ СВОЈОТ ОБЕМ НА РАБОТА
-АД ЕСМ ВО време на енергетската криза го прошири својот обем на работа, интегрирајќи и други енергетски субјекти во својот систем, како ТЕЦ Неготино, ТЕ-ТО, менаџирањето со БЕГ и Скопје Север, снабдување на електрична енергија за системските загуби во мрежа на ЕВН и МЕПСО. При сите тие дополнителни обврски, успеавме целосно да го снабдиме ЕВН Хоум со потребната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи, – изјави генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски, на заедничката прес конференција со министерот за економија Крешник Бектеши.
За менаџирање на двете кризи, со електрична енергија и топлинската криза, од ноември до денес од државниот буџет на АД ЕСМ му се префрлени 10.557.808.000 денари, односно 171.323.750 евра.
За справување со енергетската криза:
- 2021г. 5.294.000.000 денари (85.906.840евра)
- 2022г. 4.903.808.000 денари (79.575.113евра)
За справување со криза со топлинска енергија:
- 2022г. 360.000.000 денари (5.841.794евра)
- ВКУПНО 10.557.808.000 денари (171.323.75 евра)
АД ЕСМ секој месец писмено ја информира Владата како се користат средствата од наменската сметка за кризата и заедно со Владата, премиерот и економскиот тим министри се креираат чекорите за менаџирање на состојбата.
Тие средства се искористени за набавки на основните енергенски и основни трошоци и тоа:
ГАС (и топлинска енергија од ТЕ-ТО) 361.487.115ден (5.865.926 евра)
ЈАГЛЕН 170.277.954ден (2.768.748евра)
МАЗУТ (ТЕЦ Неготино и ЕСМ) 1.642.310.691ден (31.724.141евра)
НАБАВКА НА ЕЛ. ЕНЕРГИЈА 2.121.764.838ден (34.430.320 евра)
ТЕ-ТО 4.053.063.858 денари (65.903.477 евра
МЕПСО за повлечена енергија 42.000.000ден ( 12.065.041евра)