АД ЕСМ ТРАНСПАРЕНТНО И ОТЧЕТНО ЈА ИНФОРМИРАШЕ ЈАВНОСТА ЗА РАСПРЕДЕЛБАТА НА СРЕДСТВАТА ЗА ЕНЕРГЕТСКАТА И ТОПЛИНСКАТА КРИЗА
АД ЕСМ даде исцрпен извештај пред јавноста за менаџирањето на кризата со електрична и топлинска енергија и за тоа како се распределија средствата од државниот буџет наменети за надминување на кризата. АД ЕСМ обезбеди детални податоци за институциите, медиумите и пошироката јавност со цел да се даде увид во начинот на кој Р. Северна Македонија ја управуваше кризата во последните 7 месеци кога почнаа првите покачувања на цените на енергенсите и нивната отежната испорака.
ЕСМ ги вложи сите свои капацитети на човечки ресурси, знаење, менаџирање и оптимизација на работата се со цел да ги исполни доделените обврски од Владата на Р.Северна Македонија за надминување на енергетската криза во државата.
Покрај основната дејност и обврска согласно законот за оваа година за снабдување на ЕВН Хоум со електрична енергија во количина од 60% од потребите на домаќинствата, ЕСМ беше задолжен да обезбеди и менаџира уште 6 други енергетски продукти на пазарот.
100% снабдување на ЕВН Хоум за домаќинствата и малите потрошувачи
снабдување на електрична енергија за системските загуби во мрежа на ЕВН Електродистирбуција
снабдување на електрична енергија за системските загуби во мрежа на МЕПСО
активирање на ТЕЦ Неготино
интегрирање на ТЕ-ТО во системот
управување со БЕГ и Скопје Север поради топлинската криза
АД ЕСМ прави реструктуирање во системот на работа на електраните и се подготвува за нови предизвици кои би произлегле од енергетската криза и од се уште турбулентите случувања во европскиот и светскиот енергетски сектор, како и навремено подготвување за потребите за следната грејна сезона.
АД ЕСМ и во иднина ќе продолжи на отчетен и транспарентен начин да ја информира, не само Владата на Р. Северна Македонија, туку и целокупната јавност за сите намени и распределби на средствата кои би се доделиле на ЕСМ за потреби на менаџирање на кризи со енергија и субвенционирање на граѓаните за енергетските потреби.