Моќта на уметничкото соединување

Со поддршка на АД ЕЛЕМ, Здружението за помош на лица со ментален хендикеп “Порака” од Неготино подготви инклузивна тетарска претстава во која актери беа лица со посебни потреби од “Порака”, студенти и гимназијалци. Проектот беше насловен како “Моќта на уметничкото соединување”, а театарската претстава беше работена според текстот “Жената и метлата” на Шенка Колозова. Премиерата се одигра во Скопје, Неготино, Кавадарци, Велес, Куманово и Струга.

Лицата со посебни потреби покажаа дека и тие имаат талент, само треба да се открие.