АД ЕСМ НА РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЕНЕРГЕТСКО СОВЕТУВАЊЕ ВО ЗЛАТИБОР – СРБИЈА

Директорката за правни работи и член на Управниот одбор на АД ЕСМ, Душица Сеизовска-Јовановиќ, учествуваше на регионалното советување за енергетика што се одржува во Златибор, Србија, на теми поврзани со предизвиците на почнатиот процес на енергетска традиција.
 
Директорката Сеизовска-Јовановиќ нагласи дека енергетската криза, која АД ЕСМ со помош на Владата успешно ја изменаџира, не ја оттргна компанијата од нејзините проекти и инвестиции во обновливи извори на енергија. Присутните претставници на енергетските претпријатија од регионот беа запознаени со активностите на Р. Северна Македонија во однос на енергетиката и на енергетската транзиција, и информациите наидоа на позитивен прием и интерес кај учесниците.
 
 
Советувањето, на кое присуствуваше и претседателката на Надзорниот одбор на АД ЕСМ, Слаѓана Богдановиќ, исто така беше можност да се слушнат искуствата од соседните земји и земјите од регионот, и истите да се искористат во претстојниот период и во менаџирањето на предизвиците кои ги носи следната грејна сезона во услови на се уште незавршена енергетска криза. На конференцијата се дискутираше за соочувањето на конвенционалната енергетика со енергетската транзиција, пазарното финансирање на енергетската транзиција во регионот, новите технологии за декарбонизација во индустријата итн.