ОБЕЗБЕДЕНИ 25 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ИЗГРАДБА НА ФЕ БИТОЛА-1 ОД 20MW и ФЕ ОСЛОМЕЈ-2 ОД 10 MW
АД ЕСМ потпиша договор со ЕБРД за поволна кредитна линија за изградба на две фотонапонски електрани, ФЕ Битола-1 од 20MW и ФЕ Осломеј-2 од 10 MW. Изградбата на двете електрани ќе чини околу 25 милиони евра, од кои 5,7 милиони евра ќе бидат грант од Европската комисија, што го намалува кредитот и самите трошоци за изградба за 20%. Ова е показател дека европските институции ги вреднуваат заложбите на Владата и на ЕСМ за брза и праведна транзиција кон зелена енергија.
![](https://www.esm.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/291564469_5222359551150773_341268671956602761_n.jpg)
ФЕ Битола-1 од 20MW ќе значи почеток на енергетската транзиција на РЕК Битола. Електраната ќе биде изградена врз исцрпен рудник за јаглен и ќе биде најголема сончева електрана во државна сопственост. За РЕК Битола се подготвуваат и други проекти за фотонапонски електрани во кругот на комбинатот, од уште 260MW.
ФЕ Осломеј-2 од 10MW во Кичево ќе биде продолжение на почнатиот процес на енергетска транзиција на РЕК Осломеј, каде се подготвува почеток на изградбатата на уште две ФЕ од вкупнo 100MW.
![](https://www.esm.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/289387212_5222359774484084_7357042058192341356_n.jpg)
Нашата крајна цел е овие капацитети кои работата на јаглен целосно да ги замениме со електрани кои работат на сонце, а во РЕК Битола делумно и со гасна електрана.
Во моментот АД ЕСМ е во тек на реализација на 12 проекти во обновливи извори на енергија, кои ќе донесат инсталирана моќност од 1760MW, што е повеќе од постоечката инсталирана моќност на сегашните капацитети на ЕСM, од 1420MW.