ПОСЕТА НА ВЕТЕРНИОТ ПАРК БОГДАНЦИ

По повод одбележување на 30 години германско-македонска соработка, АД ЕСМ заедно со Амбасадата на Сојузна Република Германија, Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) и Германската банка за развој (КфВ) го посетивме Ветерниот Парк Богданци.
Ветерниот Парк Богданци е еден од најзначајните проекти кои KfW ги има поддржано и е во сопственост на АД ЕСМ чија изградба е финализирана во 2014 година. Во тек е втората фаза од конструкцијата на овој ветерен парк со чија реализација ќе се исполни планираниот капацитет од 50MW инсталирана моќност.

Заменикот на Генералниот Директор на АД ЕСМ Имер Зенку го поздрави проектот кој е изграден со кредитна поддршка од КФВ банката.
„Преку КФВ банката користиме и поволен кредит за иградба на Топлификација Битола, користиме поволен кредит за изградба на две фотонапонски електрани во РЕК Битола, една од 100 и една од 60 мегавати, и исто така со средства преку КФВ ќе ја спроведеме третата фаза од рехабилитацијата на нашите хидроелектрани.
Исто така вложуваме во изградба и на други електрани од обновливи извори, пред се сонце и ветер, каде користиме поволни кредитни линии и од други меѓународни финансиски институции.
Сепак но денеска сме овде да ја истакнеме важноста на 30-годишната соработка меѓу Северна Македонија и Германија и да се заблагодариме за конструктивноста и поддршката на КФВ банката на проектите на АД ЕСМ. Ние во моментот сме во постапка на проширување на ветерниот парк, со дополнителни турбини, исто така финансиски овозможено од германската КФВ.“

KfW ќе продолжи и во иднина да ја поддржува Република Северна Македонија во нејзинитите заложби за позелена и оддржлива инфраструктура. Фокусот ќе биде на обловливите извори на енергија, особено нови капацитети во секторот на соларна енергија и ветер како и рехабилитација на постоечките големи хидро-електрични капацитети.