Правната фела од АД ЕСМ се запозна со новините во правото
Директорот на Секторот за правни и општи работи на АД ЕСМ, Ѓорѓи Ѓорѓиевски со колеги од правниот сектор, од Дирекција, РЕК „Битола“ и РЕК „Осломеј“, учествуваа на 88 по ред, средба на правници што се одржа во Охрид.
На настанот се дискутираше за повеќе актуелни теми, а посебно внимание се обрна на новините во правото и применувањето на позитивните законски прописи во судската пракса.