Директорот за финансии Иван Стојановски панелист на конференцијата на МАРЕС
Директорот за финансии на АД ЕСМ, Иван Стојановски, учествуваше како панелист на годишната конференција на Македонското здружение за обновливи извори на енергија (МАРЕС). Во своето излагање, Стојановски истакна дека нашата компанија останува целосно посветена на инвестициите во обновливи извори на енергија, нивно максимално зголемување, сè со цел намалување на штетните емисии и постепена транзиција кон позелени алтернативи за производство на електрична енергија.
Стојановски потенцираше дека АД ЕСМ како системски и стратегиски значајна компанија продолжува да биде фокусирана кон одржување на енергетската стабилност и подобрување на целокупното сопствено работење. Конференцијата на МАРЕС беше фокусирана на критичните прашања околу имплементацијата и интеграцијата на обновливите извори на енергија во националните и регионалните енергетски стратегии. Експерти од различни сектори, вклучувајќи владини тела, енергетски регулатори, финансиски институции и производствени компании споделија свои мислења за иднината на обновливите извори на енергија и неопходните чекори за надминување на предизвиците.