Управниот одбор на АД ЕСМ во работна посета на РЕК Осломеј

Членовите на Управниот одбор на АД ЕСМ денеска остварија работна посета на РЕК Осломеј, каде што од новото раководство во комбинатот непосредно беа информирани околу затекнатите состојби и тековните подготвителни активности за вклучување на термоелектраната во електроенергетскиот систем. 

За време на посетата, по обиколката на постројките во термоелектраната, се одржа колегиум на Управниот одбор и раководството на РЕК Осломеј. Во фокусот на разговорите беше состојбата на техничката инфраструктура и можностите за унапредување на процесите во овој капацитет, во пресрет на зимата.