Колеги од АД ЕСМ активно се вклучија во процесите на имплементација на реформите во енергетскиот сектор.
На пленарниот состанок за ИПА 3 – Прозорец 3: Зелена агенда и одржливо поврзување присуствуваше министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, која претседаваше со состанокот, како и претставници на делегацијата на ЕУ, и сите релевантни домашни и меѓународни чинители во Секторот за енергетика.
ИПА 3 – Прозорец 3, претставува рамка за финансиска поддршка од Европската Унија наменета за зајакнување на зелената агенда и за одржлив енергетски развој. За оваа програма обезбедени се финансиски средства во висина од 5,2 милиони евра за поддршка на проектите за намалување на штетните емисии, зголемување на енергетската ефикасност и развој на обновливите извори на енергија.
Акцентот на состанокот беше ставен на вложувањата во енергетската независност, одржливиот економски раст, енергетската ефикасност и намалување на емисијата на штетни гасови кои негативно влијаат врз животната средина и започнување нови проекти со еколошки чисти извори на енергија.