ХЕС Маврово работи на санација на 35 KV далекувод Вруток-Бела Вода-Врбен

Поради силен ветер и снежни наноси  во реонот на Маврово, синоќа околу 23 часот е оштетен  35 KV далекувод  Вруток-Бела Вода-Врбен. Станува збор за преносен капацитет што АД ЕСМ-Подружница ХЕС Маврово го користи за сопствени потреби, а преку истиот далекувод, со електрична енергија се напојуваат жителите од селата Никофорово, Леуново, Маврови Анови и село Маврово. Екипите на ХЕС Маврово го лоцираа дефектот и интензивно се работи на негова санација. Зафатот се одвива на непристапен планински терен на кој  и во моментов има силни снежни наноси и снежна покривка од преку 80 сантиметри.