Се враќа во функција уште еден блок во РЕК Битола

Со одлука на стручниот колегиум на РЕК Битола, почнаа подготвителни операции за вклучување во погон на уште еден блок, покрај ТЕ Битола 3 кој во моментов е во функција.
Се очекува до раните утрински часови термоблокот да биде синхронизиран на електроенергетската мрежа и да произведува во согласност со потребите на Универзалниот снабдувач ЕВН Хоум. Во претстојниот период, комбинатот ќе испорачува електрична енергија со двa производни капацитети.