Разговори за унапредување на енергетската соработка помеѓу Македонија и Чешка

Делегација предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, членови на Управниот одбор на АД ЕСМ и претставници одМинистерството за енергетика, рударство и минерални суровини, оствари средба со директорот на економскиот сектор при чешкото Министерство за индустрија и трговија Едуард Мурицки, и директорот за нови технологии, Јан Прашил. Во фокусот на разговорите беа имплементацијата на нови технологии во енергетскиот сектор, можностите за инвестиции во капитални проекти и најновите регулативи за енергетика и минерални суровини.

Директорот за финансии на АД ЕСМ, Иван Аџија Стојановски истакна дека новиот инвестициски циклус во обновливи извори е од клучно значење за воведување на одржливи технологии и за забрзување на зелената енергетска трансформација.

Состанокот беше одлична можност за размена на информации и идеи за унапредување на соработката помеѓу Македонија и Чешка во енергетскиот сектор.