АД ЕЛЕМ ќе продава вишоци електрична енергија

АД ЕЛЕМ објавува продажба на  вишоци на електрична енергија, во вкупна количина од 102.720 МWh, за месеците јуни, јули и август 2018 година, односно за јуни 43.200 MWh, јули 29.760 MWh и за август 29.760 MWh. електрична енергија. Продажбата ќе се одржи на 03 мај 2018 година (четврток) во просториите на Дирекција на АД ЕЛЕM – Скопје, по пат на аукциско наддавање, од страна на лиценцираните трговци и снабдувачи со електрична енергија со кои АД ЕЛЕМ има склучено рамковни договори. Објавата и деталите за продажбата се дадени на веб страницата на АД ЕЛЕМ.

Најавената продажбата ќе овозможи зголемување на производството на АД ЕЛЕМ во обем на наведените количини , зголемување на портфолиото на компанијата и подобрување на финансиската состојба.Исто така, сакаме да нагласиме дека во исто време снабдувањето со електрична енергија за тарифните потрошувачи – домаќинствата  и  помалите компании на регулираниот пазар за електрична енергија  се одвива редовно  и  во согласност со потребите.

Продажбата на вишоци на електрична енергија, која е огласена денеска, е прва по подолг временски период, односно АД ЕЛЕМ последен пат продала вишоци од своето производство во 2016г., во вкупна количина од  16.000 MWh.