АД ЕЛЕМ продаде нови вишоци електрична енергија за 1.235.808 евра
АД ЕЛЕМ во текот на вчерашниот ден продаде вишоци електрична енергија во количина од 24.480MWh за сума од 1.235.808 евра. Продадените вишоци се ,,базна” и ,,врвна” електрична енергија за јуни 2018г.
Продажбата е извршена по просечна цена од 50.48 EUR/MWh. За споредба, на HUPX (унгарската берза на електрична енергија), цената за базна енергија изнесува 44,94 EUR/MWh, додека за врвна изнесува 54,27 EUR/MWh. Нова продажба на вишоци електрична енергија произведени од АД ЕЛЕМ е закажана за 5 јуни. На продажба ќе бидат понудени 57.360 MWh за јули, август и септември 2018г.